Детски Хор – “ЛАЛЕ”

Лале е детски хор од Тетово. Оформен е во 1977 година од страна на диригентот д-р Ивица Зориќ. Низ многуте генерации поминале над 1.000 пред се девојчиња иако во одделни периоди имало и машки деца. Во целиот период на постоење претставува расадник и извор на хористките на градскиот женски младински хор Менада од Тетово.

Награди

Во годините на постоењето за праизведби на композиции од македонски автори „Лале “ освоил многу награди и признанија, дури 10 пати е победник на републичкиот натпревар во Кавадарци а високи места освојувал на меѓународни настапи во Словенија, Србија и Бугарија. Два пати е наградуван со највисокото признание на градот Тетово.

Сподели