Хор Менада на Фестивал на источно црковно пеење – Струмица

  • 11356068_10205408171060984_880079494_n
  • 11350387_10205408171460994_1556048659_n
  • 11354963_10205408178901180_730792649_n
  • 11291798_10205408178861179_915372934_n
  • 11103912_10205408176221113_1705728854_n
  • 11328823_10205408177381142_124667416_n
  • 11425332_10205408172821028_1980527748_n

Хор Менада на Фестивал на источно црковно пеење – Струмица

И годинава со благослов на Митрополитот Струмички Господин Наум, а во организација на НУЦК „Антон Панов“ – Струмица и Струмичката епархија, синоќа по петти пат се одржа Фестивал на источно црковно пеење. Станува збор за фестивал преку кој се афирмира старото македонско црковно пеење, кое во православната традиција се интерпретира само вокално, без инструменти, за разлика од другите светски религии. Фестивалот годинава, наместо во Центарот за култура, се одржа во Црквата „Св. Петнаесет“, како што вели директорот Иван Јовев, местото на ваков фестивал, кој го негува источно црковното пеење, е токму во Божји храм, најавувајќи дека планираат секоја година тука да се одржува фестивалот. Четири хорови се претставија пред публиката, љубители на црковно пеење. Хорот „Свети Теофил Струмички“, под диригентство на Зоран Мазнејков, машки хор „Св. Нектариј Битолски“ под дирегентство на м-р Игор Гулевски, Градскиот женски младински хор „Менада“, диригент Ивица Зориќ и хорот „Св. Роман Слаткопевец“.
happy wheels
Сподели