Концерт на хорот МЕНАДА во Гостивар

gostivar

Концерт на хорот МЕНАДА во Гостивар

gostivar„Бог е вечна и бесконечна Светлина, неприкосновена нити за умот достижна, ниту со збор искажлива, неопфатна и недопирлива. Таа е просвештение за секое разумно создание. Таа за духовниот е она што е сонцето за видливиот свет..“

Вака започна духовниот концерт на хорот „МЕНАДА“ во Гостивар, по повод чествувањето на големиот христијански празник Св. Климент Охридски.

Преку композциите, од времето на неговото постоење до современите православни композиции, хорот успешно даде придонес во чествувањето на овој голем празник. А преку словото, нараторот, даде краток осврт за животот на Светиот Климент Охридски, како што и тој останувајќи верен на своите богомудри учители, рамноапостолните Кирил и Методиј Солунски, на словенските народи, на нивниот роден јазик им ја откриваше тајната од Евангелието.

“Да зборувам на сите човечки јазици

Па дури и на ангелски, штом љубов немам

Ќе бидам бакар што ѕвони или кимвал што ѕвечи

Да имам пророчки дар и да ги знам сите тани

Да ги имам сите знаења за сите работи и така силна вера,

што и планини да преместувам

Ако љубов немам-тогаш ништо не сум „

Со овие зборови, хорот „МЕНАДА “ успешно го заокружи и овој концерт.

happy wheels
Сподели