Настап на хор МЕНАДА по повод кинеска нова година

кинеска нова година

Настап на хор МЕНАДА по повод кинеска нова година

Со музички настап на хорот “Менада„ и читање на кинеска поезија, вчера во Домот на културата “Иљо Антески- Смок„ во Тетово, со претставници на кинеската амбасада и градоначалникот Теута Арифи, беше одбележана кинеската Нова година.

Според лунарниот календар, кинеската Нова 4714 година почнува на 8 февруари, а ќе трае до 27 јануари 2017. Прославата вообичаено почнува ден пред Нова година, а завршува по 15 дена со Фестивалот на светлината кога според традицијата кон небото се пуштаат црвени лампиони.Овој празник се слави во континентална Кина, на Тајван, на Корејскиот Полуостров и во Виетнам, како и во некои од поголемите градови во Европа и во САД каде што живее бројна кинеска зеедница.

happy wheels
Сподели