ПЕЕЊЕТО ВО ХОР ЛЕЧИ ОД АНКСИОЗНОСТ

ПЕЕЊЕТО ВО ХОР ЛЕЧИ ОД АНКСИОЗНОСТ

oppppp

Заедничкото пеење има неверојатна исцелителна сила за ментално здравје, покажа најновата студија од Унверзитетот Абант Изет Бајсал во Турција.

Било да е во прашање пеење во близок круг на пријатели, акапела или пеење во црква, една од најновите студии ни докажува дека пеењето во хор може да направи доста позитивни промени во состојбата на човековиот ум.

Во студијата се вклучени 35 луѓе кои се обврзале да пеат по еден час во хор, а во паралелната (контролна) група на испитаници немало вклучено пеење. Истражувачите го мереле нивото на анксиозност и нивоата на ензимот амилаза, кој често се користи како маркер за воспаление.

Кај оние кои се пријавиле да пеат во хор, во споредба со контролната група,  забележан е пад на негативните ефекти, нервози и вознемиреност. Од друга страна, луѓето во контролната група искусиле многу повеќе анксиозност и негативни ефекти.

Пеењето во хор не е поврзано само со менталното здравје. Норвешките истражувачи, претходно објавиле дека пеењето го зајакнува општото здравје на човекот и помага истиот да биде попродуктивен на работното место. Здравствената корист од пеењето е и физичка и психичка: го подига нивото на кислород во крвта, го намалува стрест и го зајакнува чувството на заедништво.

happy wheels
Сподели