Трудови и публикации

На планот  на издаваштвото и публикацијата  автор и уредник е на зборници  за хорски композиции и на  следните трудови

1. “Десет хорски творби од Тодор Скалоски”

– “ТЕХО” – 1985 година

2.  “Анализа на Македонско оро од Тодор Скаловски”

– Струшка музичка  есен – 1997 година

3. “Канонот во работата со хорот”

– Хорски фестивал  “ТЕХО” – 1998 година

4. “Основното музичко образование и националната музичка културна состојби и перспективи”

– ФМУ – Институт  за педагогија, Филозофски факултет  – 2001 година

5. “Методи за добивање чиста интонација во хорот”

– Хорски фестивал  “ТЕХО” – 2002 година

6. “Од хорското творештво на Стојан Стојков”

– Хорски фестивал  “ТЕХО” – 2002 година

7. “Од хорското творештво на Тодор Скаловски”

– Хорски фестивал  “ТЕХО” – 2002 година

8. “Македонска духовна музика од почетоците до денес”

– Меѓународен  хорски фестивал во Брашов, Романија  – 2002 година

9. “Од хорското творештво на Милто Вако”

– Хорски фестивал  “ТЕХО” – 2003 година

10. “Индивидуалната настава и музичкото образование. Светските стандарди наспроти македонските тенденции”

– ФМУ, трибина  – 2003 година

11. “Од хорското творештво на Михајло Николовски”

– Хорски фестивал  “ТЕХО” – 2005 година

12. “Едукативните аспекти на македонското хорско творештво”

– ИРАМ – конференција  Скопје – 2006 година

13. “Дигитален каталог за македонското хорско творештво”

– ИРАМ – конференција  Скопје – 2007 година

14. “Ликот на педагошкиот раководител како предуслов за успешна работа со детски хор”

– Струшка музичка  есен – 2009 година

15. “Хорската традиција во Тетово – хоровите Лале и Менада”

– ИРАМ – конференција  Скопје – 2010 година

Досега  остварил трајни тонски записи  од македонски и странски автори  во траење од околу 350 минути. Со хоровите “Лале” и “Менада” има издадено 2 ЛП, а со хорот “Менада” и 3 ЦД-а. На снимките се исполнети дела од македонската духовна музика, хорски композиции инспирирани од македонскиот фолклор како и дела од странски автори. Застапен е и на плочи и аудио-касети во изданија на хорскиот фестивал “ТЕХО”, Фестивалот на пионерски и младински хорови во Кавадарци и СОКОМ.

Сподели