За црковното пеење

menadacrkovndo

За црковното пеење

Музиката е најинтимниот облик на уметноста. Поради тоа поврзана е со онаа длабочина на душата која се нарекува подсвест. Таа пак, е поврзана со онаа област на човечкото срце во која се скриени сите амбиции и желби. Литургиското пеење има за цел да нè претвори во учесници на Тајната која се извршува на Светата Литургија. Нив ги следат зборовите и мелосот на боженствените напеви. Според тоа, пејачот (хорот) е оној на кого срцето непрестано му гори од присуството Божје, оној кој непрестано е ранет од боженствениот ерос, кој целиот е обземен од неизречивата боженствена љубов, на кој умот и срцето му се непрестано “горе„. Пејачот е оној кој е непрестано гладен и жеден за Бога. Одговор на човекот на таквата љубов кон таквиот Бог, може да биде единствено песната; не само зборови, не само мелодија, туку и зборови и мелодија соединети, духовната и телесната природа на човековото соединување. Затоа во Боженствената Литургија сè се пее.

Сè во Литургијата е песна, нова песна, принесена од сите и за сè. Затоа сите преку овие песни треба да учествуваме во Боженствената Вечера Господова. Тие да нè раководат и учат на соединувањето со Христос и во непрестаното пребивање (постоење) во Него. Учествувањето во Литургијата е, може да се каже, една подготовка, вежбање, навикнување на пребивањето во Бога, со Кого ќе биде исполнет нашот живот во Царството Небесно. За секој црковен пејач(хор), како и за секој верник, Црквата би требало да биде живот, Христос би требало да биде живот, Светата Литургија би требало да биде живот. Како што вели Ава Јустин – живот на животот наш и душа на душата наша.

Црковното пеење не се пее заради пеењето, ниту се слуша заради слушање, туку во него сме сите повикани да учествуваме. Тоа(пеењето) ја поддржува молитвата како крилата на птицата при летање, и оној кој во тоа време ја слуша музиката, тој престанува да се моли. (архимадрит Рафаил). Вистинско пеење може да се постигне само и само со вистински духовен и црковен живот и се прима како дар Божји. Имајќи го сево ова во предвид, можеме да кажеме дека да се биде вистински пејач всушност значи пред сè да се биде вистински христијанин, а да се биде вистински христијанин значи вистински, со сето свое битие, да се учествува во светотаинскиот живот на Црквата.

 

Извадок од „Антологија на Боженствената Литургија“- Игор Зиројевиќ

happy wheels
Сподели